Украден накит вреден 75 илјади евра од куќи во Гостивар и Тетово

Непознат сторител вчера во гостиварското село Градец извршил тешка кражба во куќата на С.Ш.(56) и одзел поголема количина златен накит и евра. Откако го скршил прозорецот, крадецот влегол во куќата и го одзел накитот, чија пријавена вредност е 61.500 евра. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Со употреба на погоден предмет, непознат сторител вчера влегол и во куќата на И.Л.(73) во Тетово и извршил тешка кражба на златен накит и евра, во вкупна вредност од околу 800.000 денари.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести