Априлскиот мраз кој ги погоди европските земји го десеткуваше родот на овошните култури. Овоштарите веќе ја рачунаат изгубена годината, додека на пазарите се очекува за 25 % повисоки цени на овошките.
Со оглед на ново настанатата состојба владата на Унгарија донела одлука за финансиска помош на овоштарите од буџетот во висина од 76,6 милиони евра.
Висината на помошта ќе зависи од сортата на овошките и се движи меѓу 1270 до 1588 евра по хектар.


