Украина поведе постапка против Русија пред Европскиот суд за човекови права

Украинската Влада пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур покрена меѓудржавна судска постапка против Руската Федерација, во согласност со членот 33 од Европската конвенција за човекови права, јави дописникот на МИА.

Владата на Украина, иасто така, побара и привремени мерки, нагласувајќи дека Москва, посебно, треба да се воздржи од преземањето намерки кои можат да претставуваат закана за животот и здравјето на цивилното население на украинска територија.

Претседателот на Третата секција на Европскиот суд за човекови права, сметајќи дека актуелната ситуација дава постојана загриженост дека можат да бидат направени сериозни прекршувања на Европската конвенција за човекови права, одлучи да го спроведи членот 39 од правилникот на Судот.

Со цел да спречи кршење на Конвенцијата и во согласност со членот 39, претседателот ги повика двете страни да се воздржат од преземање на било какви мерки, посебно од воен карактер, кои можат да доведат до прекршување на Конвенцијата што обезбедува гаранции за цивилното население, како и да ги почитуваат обврските кои произлегуваат од Конвнецијата, посебно членот 2 (право на живот) и членот 3 (забрана на нечовечки и понижувачки третман).

Од Русија и Украина Судот исто така побара да го информираат колку што е можно побрзо за мерките кои ќе бидат донесени за целосно почитување на конвенцијата.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести