Украинците објавија список со имиња на 620 руски шпиони: „Секој Европеец треба да знае кои се“

Украинското Министерство за одбрана вчера ги објави имињата и адресите на 620 лица за кои се вели дека се вработени во руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Тврдат дека упаднале во нивните податоци и дека тоа што е објавено се однесува на шпиони кои учествуваат во „криминалните активности“ низ Европа, јавува Слободна Далмација.

Покрај имињата, датумуте и местата на раѓање, списокот содржи детали и за автомобилите на агентите, како што се нивните регистарски таблички и телефонски броеви. Адресата на сите нив е Лубјанка, седиштето на ФСБ во Москва. Ако овие податоци се автентични, бидејќи не може да се биде сигурен во информациите што се дел од разузнавачката војна, нивното објавување претставува огромна провала во руската база на податоци.

И покрај нејзините софистицирани сајбер способности, Русија претрпе серија хакерски напади од избувнувањето на војната. „Анонимуси“ неодамна објавија дека ја хакирале и Централната банка на Русија.

Пред да го наследи Борис Елцин, оваа шпионска агенција беше предводена од долгогодишниот член на КГБ и актуелен руски претседател Владимир Путин. Во последните две недели многу се пишуваше за тоа дека во ФСБ „врие“ бидејќи војната во Украина наместо брзо соборување на Володимир Зеленски се претворила во кошмар.

Украинските разузнавачки сили овој месец успеале да пресретнат и телефонски разговор меѓу двајца руски агенти кои зборувале за смртта на рускиот генерал. Агентите не користеле безбеден канал за комуникација, туку разговарале со вообичаените СИМ-картички.

Независниот руски портал „Медуза“ објави дека на 11 март во Москва биле уапсени двајца високи функционери на „путиновата разузнавачка служба“ – началникот на Петтата управа, генерал полковник Сергеј Беседа и неговиот заменик Анатолиј Бољух. Тие се под истрага за лошата проценка на ситуацијата на теренот во Украина.

Андреј Солдатов, експерт за руска шпионажа, рече дека конечните извештаи на ФСБ за Украина пред инвазијата не биле ни приближно точни, што е дел од причината зошто работите тргнале толку лошо за Русија. Нивните проценки за популарноста меѓу Украинците биле целосно пропуштени. Експертите сметаат дека вистинските информации на разузнавачите од терен биле точни, но високите офицери ги прилагодиле на она што Путин сакал да го слушне.

-Проблемот е што е премногу ризично подредените да му го кажат на Путин она што тој не сака да го слушне, па затоа ги „приспособиле“ и извештаите, рече Солдатов.

Списокот со имиња можете да го погледнете на следниот линк.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести