Доналд Трамп ќе влезе во Белата куќа како 47-ми претседател, но и како некој кој е осуден пред судот во Њујорк, а се очекува да биде осуден во случајот со прикривање на финансиските малверзации и се уште се работи и за други случаи против него, пишува CNN.
Трамп е во уникатна позиција – никогаш досега не е избрано лице осудено за кривични дела на највисоката државна функција, исто како што и поранешениот претседател никогаш не бил кривично гонет до минатата година.
Новиот американски претседател изјави дека планира да го отпушти специјалниот обвинител Џек Смит и да стави крај на федералните случаи против него, кои беа покренати за обид за поништување на претседателските избори во 2020 година.
„Очигледно се исплатеше напорот за агресивното одложување на сите случаи што е можно подолго“ – изјави Џесика Левинсон, професорка по уставно право.
Во меѓувреме, судија во Њујорк на крајот на ноември ќе ја изрече пресудата за поранешниот и идниот американски претседател.
Имено, тој ја одложи пресудата пред изборите за да се избегне можноста таа да се одрази на исходот од изборите. Се разбира, се очекува адвокатите на Трамп да побараат од судијата да го одложи изрекувањето на пресудата.
Трамп се изјасни за невин по сите точки од обвинението, а ова се фактите што мора да се знаат за четирите кривични случаи, како што објави Си-Ен-Ен.
Трамп треба да се појави во судницата во Њујорк на 26 ноември за да биде осуден откако беше прогласен за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја за прикривање на тајни плаќања за време на кампањата во 2016 година на актерката од филмовите за возрасни, Сторми Даниелс, која наводно имала афера со Трамп. Во исто време, Трамп ја негираше аферата. Останува отворено прашање дали воопшто и ќе биде донесена таа пресуда.
Судијата Хуан Мерчан даде рок до 12 ноември да одлучи дали ќе ја поништи пресудата на Врховниот суд со која на претседателот му е доделен одреден претседателски имунитет. Доколку Мерчан не одлучи да го стори тоа, обвиненијата ќе бидат отфрлени, а Трамп нема да биде осуден.
Се очекува адвокатите на поранешниот претседател да побараат и од Мерчан да ја одложи казната на Трамп за да можат да поднесат жаба. Ако тоа не биде одобрено, адвокатите планираат да поднесат жалба на одлуката за имунитет до државните апелациони судови и потенцијално до Врховниот суд на САД за да побараат од судовите да ја одложат пресудата на Трамп додека не се исцрпат сите жалби, што може да трае со месеци.
Доколку има пресуда, на Трамп ќе треба да одлежи до четири години затвор, но судијата не е должен да го осуди новоизбраниот претседател на затвор, место тоа може да му изрече помала казна, како условна казна, домашен притвор, општествено корисна работа, или парична казна.
Имплементацијата на секоја од можните казни може да биде комплицирана од фактот дека Трамп треба да ја преземе функцијата на 20 јануари 2025 година. Адвокатите на Трамп веројатно ќе ги обликуваат своите жалби за да постават уставни прашања за тоа дали државниот судија може да го осуди новоизбраниот претседател, па случајот може да се одолговлекува со години.
Бидејќи ова е државен случај, Трамп нема овластување да се помилува себеси по полагањето заклетва.
Изборната победа на Трамп веројатно ќе има најголемо влијание врз двата федерални кривични случаи што Џек Смит ги покрена против него во Вашингтон и во Флорида.
Откако започнаа случаите во 2023 година, главната правна стратегија на Трамп беше да ги одложи судењата до по изборите за, доколку биде избран, да може да го отпушти Смит, обвинителот кој ги покрена клучните обвиненија против него. На крајот на октомври поранешниот претседател изјави дека нема да се двоуми да направи таков чекор.
– Би го отпуштил во рок од две секунди – рече Трамп.
Отпуштањето на Смит ќе му овозможи на Министерството за правда и на јавниот обвинител да се откажат од обвиненијата против него и да ги прекинат судските случаи.
Сепак, до инаугурацијата на 20 јануари, Смит има време да ги одмери своите опции во врска со прашањата со кои одделот никогаш претходно не се соочил.
Еден од нив е дали Канцеларијата на правниот советник на Министерството за правда смета дека новоизбраниот претседател ја ужива истата правна заштита од кривично гонење како и актуелниот претседател. Тие упатства ќе го одредат понатамошниот тек на настаните, изјавија за Си-Ен-Ен извори запознаени со случајот.


