Фудбалерот Ерсен Сали од Скопје од наредната сезона по се изгледа ќе биде дел од ФК „Партизани“ од Тирана, во кој играат уште двајца фудбалери од Македонија, скопјанецот Ертан Демири и тетовецот Мевлан Мурати.
Веста ја објави клубот на својата Фејсбук страница во која стои дека е потпишан двегодишен договор со Ерсен Сали, сега веќе поранешниот напаѓач на ФК „Ренова“.
Сали (26) претходно настапуваше за романска „Дачиа“. Кариерата ја почна во ФК „Шкупи“, а играше и за ФК „Башкими“ и ФК „Шкендија“.
Тирански „Партизани“ е на втората позиција во есенскиот дел од албанскиот шампионат, но иако има седум бода помалку од првопласираната екипа на „Скендербеу“ се стреми да го освои шампионатот.
]]>


