Уште еден пациент, пред два дена, се врати од болница во Истанбул, каде беше на лекување по пожарто во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во „Аџибадем Систина“ остануваат уште двајца тешко повредени, кои не се критични.
Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, физикалната терапија на сите повредени на кои им е потребна продолжува, а во посета бил и доктор, платичен хирург, од Белгија, кој правел проценка на сите на кои им е потребна ваква реконструктивна интервенција, за пациентите да ја вратат функцијата на изгорените екстремитети, но и да бидат убави.
На 18 пациенти им е потребна пластична и естетска операција. Сепак, уште е рано за такви интервенција.
Директорката на болницата во Кочани, рече дека кај некои потребни се операции за враќање на функцијата особено на прстите од рацете, а ним ќе им бидат извршени хируршки зафати.
извор:Libertas.mk


