Уште една кривична за директорот на АД Џумајлија: Си позајмувал и си враќал

ПС Свети Николе поднесе кривична пријава против З.Д. (51) од Свети Николе, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, извести полицијата.

Имено пријавениот во текот на 2013 година, како одговорно лице во АД „Џумајлија“-Лозово ја злоупотребил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите службени овластувања на тој начин што потпишувал договори за цесии и асигнации без да бидат заведени во деловодните книги и книжени во книговодството на АД „Џумајлија“ при што дел од побарувањата на АД „Џумајлија“ ги отстапувал лично на себе, заради затварање на позајмиците кои тој ги имал дадено на АД „Џумајлија“, а друг дел го отстапувал на странски правни субјекти, со кои АД „Џумајлија“ немала деловни односи, со што го оштетил АД „Џумајлија“ за 86.749 евра.

Пред неполни три месеци полицијата од Свети Николе поднесе кривична пријава против З.Д. сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во 2005 година пријавениот во својство на одговорно лице на АД „Џумајлија“-Лозово склучил договори за лизинг со друштвото „НЛБ Лизинг“ ДООЕЛ-Скопје за купување на четири моторни возила, откако во 2011 година останале уште осум месечни рати за исплата или 855.600 денари, иако знаел дека сметките на АД не се блокирани, не извршил  уплата на средствата, по што возилата биле вратени на „НЛБ Лизинг“. Потоа, друштвото „Зоки 28“ ДООЕЛ Свети Николе чиј сопственик е пријавениот дало позајмица во висина од 1.200.000 денари на вработен во АД „Џумајлија“ да ги купи вратените возила, по што лицето за сума од 1.890.000 денари ги купило возилото,  потоа ги продал на трети лица, а добиените пари 600.000 денари ги вратил на ДООЕЛ „Зоки 28“, додека останатите ги дал на пријавениот.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести