Валиева чека одлука, плачеше на тренинг

Руската уметничка лизгачка Камила Валиева тренираше во Пекинг, додека ја чека одлуката на Судот за спортска арбитража (КАС) за тоа дали ќе може да продолжи да се натпреварува на Зимските олимписки игри.

Според агенцијата АП, таа плачела и не можела да се посвети на тренингот, паѓала и за време на вежбите кои најчесто го изведува без никакви проблеми.

КАС синоќа соопшти дека ја добил жалбата од Меѓународниот олимписки комитет и Светската антидопинг агенција за позитивниот тест на Валиева и најави повеќе детали за својата одлука што ќе ја донесе „брзо“, пренесува АФП.

Во одбрана на Валиева јавно застана познатата германска уметничка лизгачка Катарина Вит, која рече дека „четирискокот“ што го изведе Валиева се „учи“ со многу вежбање и тренинг, а „допингот“ тука не помага, а за ситуацијата го обвини тимот кој се грижи за кариерата на девојчето.

„Како спортист ги следете советите на луѓето кои се грижат за вас, а во овој случај советите на вашиот тренер секогаш се на прво место. И лекарскиот тим. Вие само им верувате дека тие знаат што е добро, а што не!

Камила ги научила своите четирискока со бескрајна трудољубивост и храброст. Допингот тука не помага“, напиша Вит во објавата на својот профил на социјалните мрежи.

]]>

Најчитани вести