Марко ван Бастен поранешниот холандски репрезентативец и ѕвезда на калчолигашот Милан, смета дека „росо-нерите“ многу ризикуваат со потегот на Кларенс Сидорф да му биде доверено тренерското место.
– Тоа е храбра одлука, но и многу ризична. Сидорф ги познава поголем дел од играчите, со добар дел играл заедно, но прашање е како ќе биде прифатен од нив. Според мене поставување на еден неискусен тренер во ваква ситуација не е гаранција за решавање на проблемите.Сепак јас не сум тој кој донесува одлуки, изјави за италијанските медиуми легендата на Милан и сегашен тренер на Херевен.
Холанѓанецот гледа и позитивен момент во овој случај.
– Сидорф одлично знае италијански, долго време играл за Милан и важи за голем авторитет во клубот. Иако речиси од терен влегува во тренерската струка, сепак неговиот ангажман може да даде резултати на подолг рок, вели Ван Бастен.
Кларенс Сидорф во Милан доаѓа на местото на Масимилијано Алегри во момент кога клубот се наоѓа во незавидна ситуација во Серија А (11.место), го очекува настап во Купот на Италија со Специја, како и пресметка во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
]]>


