Вардар го преслуша Металург, 27:22 за црвено – црните

Екипата на РК Вардар е победникот на долгоочекуваниот дуел помеѓу двата најтрофејни македонски ракометни клубови, Вардар и Металург. Најуспешен на теренот беше Павел Атман од Металург со 7 постигнати голови.

Вардар дојде до втората победа во ракометната Лига на шампиони со резултат од 22:27. Со новоосвоените 2 бода, Вардар се наоѓа на третата позиција во табелата. Лидер во групата ’Ц’ е Барселона, којашто го совлада Динамо Минск со резултат од 35:25.

Петтото коло од групата Ц ќе се комплетира на 17 ноември со дуелот помеѓу Вакер Тун и ПСЖ.

 

Најчитани вести