Ракометарките на македонскиот првак Вардар СЦБТ се наоѓаат во „тројката“ екипи кои по 4.коло избори пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. Досега обезбедено место во главната групна фаза имаат Ѓер (шампион), Ларвик и Вардар СЦБТ.
По 4.коло само екипата на Ѓер е со максимален учинок, додека Ларвик и Вардар СЦБТ се непоразени.
За другите пет места за главната фаза ќе се води голема борба, додека и третото место кое носи учество во КПК купот навестува неизвесни дуели во последните две кола.
Преглед на резултатите и на табелите:
Д-група: Подравка – Вардар СЦБТ 17:25, Ларвик – Бера Бера 29:21.
Табела: Вардар СЦБТ 7 бодови, Ларвик 7, Подравка 2, Бера Бера 0.
А-група: Ѓер – Турингер 29:22, Хипо – Баја Маре 23:20.
Табела: Ѓер 8, Хипо 4, Турингер 2, Баја Маре 2.
Б-група: Будуќност – Митјиланд 22:15, Лублин – ФТЦ 24:26.
Табела: ФТЦ 6, Митјиланд 6, Будуќност 4, Лублин 0.
Ц-група: Крим – Мец 27:21, Савехоф – Лајпциг 30:23.
Табела: Крим 6, Савехоф 6, Мец 2, Лајпциг 2.


