Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ натпреварите од втората фаза од Лигата на шампионите ги почнаа со убедлива победа во Скопје против германската екипа Турингер 31:25. Најдобра во нашиот состав беше голманката Ина Суслина со 17 одбрани.
На првиот дуел од групата 1, каде игра и нашиот шампион вчера данската екипа Митјиланд славеше минимална победа над Савехоф од Шведска со 25:24.
]]>


