Швајцарецот Станислав Вавринка и Французинот Ришар Гаске се пласираа во четвртфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Париз и со тоа обезбедија место на силниот турнир во Лондон на кој по традиција играат осумте најдобри светски тенисери.
Освен овие двајца во англискиот главен град ќе играат и: Рафаел Надал (Шпанија), Новак Ѓоковиќ (Србија), Давид Ферер (Шпанија), Хуан Мартин дел Потро (Аргентина), Томаш Бердих (Шешка) и Рожер Федерер (Швајцарија).
Инаку, денеска во Париз ќе се одиграат четвртфиналните мечеви. Двојките се:
Вавринка – Ѓоковиќ,
Федерер – Дел Потро,
Надал – Гаске и
Ферер – Бердих.
Почетокот на денешната програма е во 14 часот.


