Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство од Велес даде предлог десет лица да бидат казнети со по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност, поради нарушување на полицискиот час воведена како мерка за спречување на ширењето на коонавирусот.

– Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнен налог против 10 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите го нарушиле важечкиот полицискиот час, определен како мерка за спречување на ширењето на заразна болест, информираат од Јавното обвинителство.

Оттаму додаваат дека јавните обвинители од велешкото јавно обвинителство предложиле на обвинетите да им бидат изречени парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност.​​

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести