Венгер го бара Вучиниќ

На барање на менаџерот Арсен Венгер, управата на премиерлигашот Арсенал започна преговори со челните луѓе на калчолигашот Јувентус околу трансфер на напаѓачот Мирко Вучиниќ.

Според пишувањата во англиските медиуми Венгер барал црногорскиот репрезентативец до крајот на сезоната да игра како позајмен фудбалер, а во летниот преоден рок евентуално да се случи откуп на неговиот договор.

Во претходните неколку сезона Вучиниќ беше носител на нападот на италијанскиот шампион и актуелен лидер, но оваа година нема голема минутажа во „црно-белиот“ дрес.

– Секогаш кажувам дека играчите сами одлучуваат за својата кариера, а ако некој од нив ни побара да си оди поради тоа што не игра ќе му излеземе во пресрет, изјави генералниот менаџер на Јувентус Бепе Марота.

Вучиниќ сезонава настапи на 11 натпревари и постигна два погодоци.

Арсенал освен црногорскиот напаѓач на „Емирати“ во Лондон сака да го донесе и неговиот клупски другар Фернандо Љоренте.

]]>

Најчитани вести