Венгер ќе го продолжи договорот со Арсенал, Манчестер сака да го задржи Видиќ

Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер се согласил да ја продолжи соработката со клубот од Лондон, пренесува „Дејли Стар“. За условите на новиот договор не се објавени детали.

На францускиот стручњак ова лето му истекува договорот. Тој во Арсенал работи од 1996. Под негово водство Арсенал освои три шампионски титули во Премиер лигата, а има и четири трофеи од куп натпреварувањата во Англија.

Арсенал под водство на Венгер во моментов е лидер на табелата во Премиер лигата.

Од Англија стигна и информацијата дека актуелниот шампион Манчестер Јунајтед во консултација со тренерот Дејвид Мојс ќе му понуди нов договор на српскиот интернационалец Немања Видиќ. На Србинот актуелниот договор му истекува на крајот на сезоната.

За услугите на Видиќ заинтересирани клубови се Галатасарај, Јувентус, Рома, Наполи и Монако.

Според личниот менаџер на Видиќ, тој сигурно на лето ќе го напушти Манчестер.

Тренерот на Галатасарај Роберто Манчини покажува најголема упорност Видиќ да го донесе во Истанбул и за него изјави дека секој тренер би сакал да го има овој играч во својот тим.

]]>

Најчитани вести