103-ка, единствената светла точка во темните ходници на Македонската телевизија.
Откако повторно беше пречекан од обезбедувањето на јавниот сервис, Стојанче Ангелов доби покана за гостување во живо на фреквенцијата на култното радио 103-ка.
– Да не ви правам непријатност – рече Ангелов.
На ова дечките од 103-ка одговорија: „Нас и онака ни е непријатно“!
Тука се вмеша обезбедувањето и не дозволи Ангелов да влезе во просториите на радиото.
Но сепак беше снимена изјава од Ангелов која беше емитувана во програмата.


