Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, на протестот пред МРТВ потсети на последните бомби на опозицијата во кои се говори за 20-тина милиони евра провизии.
– Има луѓе кои лежат во затвор за 100, за 50 евра, сетете се на уапсените на македонските патарини, на уапсените полицајци, цариници, затоа што се здружиле во злосторничко здружение и се збогатиле со неколку илјади евра. А овие краделе без усул. Во Кина ваквите криминалци ги стрелале, а овие уште се на власт и не убедуваат дека се чисти. Ако само за два автопати украле 20 милиони евра, тогаш колку украдоа од Скопје 2014, од гасоводот, автобусите и други „проекти“ – истакна Ангелов.
Тој понуди награда од еден милион евра за оној судија или обвинител кој ќе се нафати да го процесуира целиот случај со прислушувањето и што ќе го уапси Никола Груевски.
Ангелов рече дека парите за наградата нема да бидат од буџетот, туку од парите што ќе им бидат одземени на функционерите што направиле криминални дејствија.
И на крајот откри една тајна! Еден јавен обвинител му ветил дека ќе ја заврши „работата“!
– Да почекаме, мислам дека ќе го соберат за кратко – рече Ангелов.


