Со четири постигнати погодоци Доменико Берарди обезбеди значајна победа за неговата екипа Сасуоло на синоќешниот натпревар во Реџо Емилија со фаворитот Милан.
Берарди беше прецизен во 15, 28 41 и 47.минута за комплетен пресврт, откако Милан поведе со 2:0 преку Робињо (9.минута) и Марио Балотели (13.минута). Конечните 4:3 ги постави Рикардо Монтоливо во 86.минута.
Резултати на другите досега завршени натпревари од 19.коло во Серија А: Ливорно – Парма 0:3, Болоња – Лацио 0:0, Торино – Фиорентина 0:0, Аталанта – Катанија 2:1, Каљари – Јувентус 1:4, Верона – Наполи 0:3 и Рома – Џенова 4:0.
Оваа рунда ќе се комплетира вечерва со средбите Сампдорија – Удинезе и Интер – Киево.
Табела: Јувентус 52 бодови, Рома 44, Наполи 42, Фиорентина 37, Верона 32, Интер 31, Торино 26, Парма 26,
]]>


