(ВИДЕО) Бочваров: Една година и без земја и без надокнада

Во изминативе денови беше актуелен скандалот со прислушуваните телефонски разговори помеѓу високи владини функционери, а кои се однесуваа на изградбата на автопатската делница Кичево-Охрид.

Пред неколку месеци, сопственици и наследници на кои им се узурпираат и експроприраат имоти на трасата, протестираа пред општината во Кичево поради незадоволството од државните органи кои сакаат да им ги земат нивите без пари. Оштетените граѓани велат дека им се одземаат имоти кои ги имаат наследено од нивните дедовци.

– Нивното насилничко и понижувачко однесување претставува окупација а не експропријација. Нивите од кои живееме ни се плаќаат по 20 денари за метар квадратен, нашите приватни шуми ни ги одземаат, а други површини од имотите насилно ни ги узурпираат без постапка и надомест – вели Петар Бочваров од Организациониот одбор на протестот.

Никогаш со жителите на селата низ чие подрачје поминува трасата на автопатот не е одржана јавна расправа за да можат да се изнесат корисни предлози и мислења за решавање на проблемите. Бочваров објаснува дека досегашната постапка за проценка на вредноста на нивните имоти е крајно незаконска без да се утврди фактичката состојба на терен.

– Приговаравме но нема кој да не сослуша. Кога тужиме, на судот му е страв да пресуди, самите судии се бунтуваат и викаат дека е срамота за 20 денари да се експроприра квадрат земја, но предметите сеуште се непресудени – вели Бочваров.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести