Во тек е протестот на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Под називот „Марш за ангелите“ во 12 часот и 5 минути, како симбол на задоцнетата институционална реакција, протестен марш што го организираат семејствата на починатите во трагичниот пожар. Собирно место е во Паркот на револуцијата, по што граѓаните ќе се упатат кон трговскиот центар, а оттаму кон зградата на Општина Кочани, полициската станица и Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Порталот „Инфомакс“ пренесува во ЖИВО од Кочани. Болна и тажна слика…



