Ви го пренесуваме најновото видео на Саше Политико од жестокиот дуел со Валентина Божиновска, претседателка на Комисијата за односи со верските заедници и поддржувач на власта.
Божиновска во видеото вели дека Груевски ќе владее уште 10 до 15 години минимум.
– Вие можете да го сонувате тоа што го направи Груевски. Тоа што го направи тој, никогаш во историјата на Македонија не може да го направи ниту еден политичар – рече Божиновска.
Како што пишува Ивановски на Мактел, неговиот мобилен телефон со кој го снимал видеото снемал меморија па го нема целосниот дуел.
„На крајот од вербалната пресметка, Саше ја крена камерата и ја фати зградата на МТВ во близина и и кажа на Валентина: Знаеш што, сега сме покрај МТВ, а тебе баш местото ти е тука меѓу курвите околу МТВ! Ти си тоа, интелектуална проститутка“, пишува Мактел.


