(ВИДЕО) Бубо Каров: Ќе пропеат сите еден ден таму кај што треба

Во денешниот говор пред насобраните граѓани, Бубо Каров зборуваше за зависноста на раководството на јавниот сервис од владејачката партија.

– Го слушнав главниот уредник на МТВ како вели дека оваа куќа не е на граѓаните туку на државата – рече Бубо, на што се слушнаа гласни извици на негодување.

– Власта не сака МТВ да има доволно пари, бидејќи ако има и почне добро да ги плаќа новинарите, пак ќе стане престижно место за новинарите, а тоа не им е целта – рече Бубо.

Тој спомна дека овие од власта толку се занесуваат на говорница што почнаа и да пеат.

– Ќе пропеат сите еден ден таму кај што треба – рече Бубо Каров.

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести