(ВИДЕО) Децата ви се јунаци и на улица бараат начин како да излезат од овие фекалии

Илјадници средношколци и студенти на мирен протест денеска јасно и гласно од пред седиштето на Министерството за образование побараа оставка од министерот Абдилаќим Адеми поради лошите реформи кои во минатото, но и сега ги предлага, а со своите потези ја уништува младината, која е иднината на Македонија.

Во своите говори и претставниците на Студентскиот и на Средношколскиот пленум беа на иста линија, побараа не само оставка од Адеми, туку и бесплатно образование, пообразован наставен кадар, побараа да има од кого да црпат знаење, а не, како што истакнаа да ги учат луѓе кои се плашат да им се придружат во борбата за подобро образована младина.

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести