Како што најави компанијата Fresh line од годинава започна и Договорното производство на јапонско јаболко, овошна култура за која имаат комплетна програма од совети за производство до обезбеден пласман.
Минатата година се изврши откуп во неколку региони, а главен центар беше ладилникот „Душан Ќириќ“ во Росоман. Задоволните овоштари од начинот на соработка и пристапот на Fresh line, годинава продолжуваат со долгорочна стратегија за развој на јапонското јаболко секаде, особено во Росоманскиот крај.
Договорното производство на Јапонско јаболко започнува со едукација за начинот на одгледување, кроење, калемење до правилна берба, постбербени активности и пласман.
Сите потребни информации ги имате во видеото, а доколку сте заинтересирани да бидете дел од Договорното производство, можете да ја контактирате компанијата Fresh Line на следните броеви:
Телефон: 071 788 640 Борис / 075 396 924 Маријана.
Извор – Агротим


