Сопствениците и вработените во рибникот „Дошница“ одржаа мирен протест поради најавено рушење на дел од рибникот за изградба на приватен пат до една хациенда во близина на селото Чифлик, демиркаписко, пренесува ФОКУС.
Сопствениците на рибникот „Дошница“ бараат решавање на повеќегодишен проблем што може да влијае негативно врз објектот, вработените и врз економијата на Демир Капија со оглед на тоа дека се работи за семеен бизнис со повеќе од 70 години традиција.
Според решението на Државниот инспекторат за градежништво, оградата на рибникот била бесправно поставена и навлегла во трасата на патот што се планирало да се изгради.
„Веќе подолг временски период сме изложени на константни притисоци и инспекции од страна на Власта, и тоа инспекции спроведени од страна на Државниот инспекторат за земјоделство, инспекции од страна на АФПЗРР, од страна на финансиската полиција и последно од страна на Државниот градежен инспекторат.
Извор – Фокус


