(ВИДЕО) Филипче со еден апел: Сите треба да се однесуваме одговорно

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес конференција апелираше сите граѓани да се однесуваат одговорно, без разлика дали доаѓаат во Македонија или се во државата.

Ова беше одговорот на прашањето во врска со тоа како заразената пациентка поминала граница и не кажала дека била заразена, ниту пак тоа било откриено од надлежните служби.

Министерот исто така апелираше дека маска за заштита се препорачува да носат лица кои се сомневаат дека се заразени бидејќи вирусот се пренесува и преку зборување, дишење, доколку се дојде премногу блиску со заразен. Маска како заштита за здрави луѓе не се препорачува бидејќи преку неа можноста да се зарази со вирусот е поголема. Доволно е да се држи растојание од лица за кои се сомневате дека се болни, како и редовно и темелно миење на рацете со сапун и одржување на лична хигиена. Тој ги повтори препораките од Светската здравствена организација за заштита од овој вирус.


https://www.youtube.com/watch?v=R157GYedXEQ

Ова е втора негова прес конференција денеска откако на претходната соопшти дека во Македонија е потврден првиот случај на заразен со овој вирус.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести