Граѓанска акција издејствува пајак службата да земе возило неправилно паркирано пред ресторан во скопско „Дебар Малоо“. По расправија со вработените кои првично не сакаа да го кренат возилото со објаснување дека се работи за службено возило и дека сопственикот бил полицаец на должност. Возилото ги изиритира граѓаните зошто беше паркирано сред велосипедската патека.
„Каква е таа должност четири саати пред кафеана, прашуваа граѓаните кои како што може да се види од објавата на социјалните мрежи го пријавиле случајот.


