(ВИДЕО) Карела- убиец на ракот, се произведува и во Македонија

Во Карбинци никна првата плантажа посеана со егзотични растенија. Посадени се првите корени со карела, индијанска банана, сибирска боровница и кивано, јавува Алфа.
Првите почетоци се направени минатата година кога од вкупно 15 видови на егзотични растенија, на плантажата во Карбинци успеале да егзистираат само девет.
Милановиќ тврди дека одгледувањето на егзотично овошје и зеленчук може да биде доходовно за македонските земјоделци, ако се земе во предвид дека од еден хектар индијанска банана, бруто заработувачката може да биде и до 80.000 евра. Откупот и пласманот се загарантирани, а вложената инвестиција се враќа за релативно краток период.
karela1
Годинава на околу петнаесетина хектари во атарот на Карбинци ќе бидат посадени со кивано и карела. Киваното всушност е овошје старо 3000 години и расте во Еквадор. Карелата која по изглед е слична на краставицата преставува традиционална храна во Индија, Кина и Јапонија. На европските пазари нејзината цена достигнува до 900 денари за килограм,а киваното многу повеке.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести