(ВИДЕО) Катастрофа со пласманот: Земјоделците ги фрлаат лубениците!

Земјоделците од село Богородица – Гевгелија, денеска ги фрлаа лубениците. Пласман нема, цена никаква.

– Со ваква „стратегија“ за производство и пласман осудени сме на пропаст. За жал тоа е реалноста, 30 тони ќе останат на нивата, никој не ги бара, нема трговци или бараат помали лубеници.  Не сум само јас, вака како мене се многу други производители на бостан. Оваа година е катастрофа  – револтирано вели земјоделецот кој ни го испрати видеото.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести