(ВИДЕО) Кавга во живо меѓу Новак и Јелена: Какво ти е ова однесување?

Новак Ѓоковиќ ги започна подготовките за турнејата во САД, а сето тоа сакаше да го документира во живо со снимка од неговиот тренинг во Монте Карло.

Меѓутоа, токму во моментите кога Новак сакаше да го објави своето видео се случи симпатична расправија меѓу него и неговата сопруга Јелена, која беше регистрирана и на самата снимка.

Имено, Јелена веројатно помисли дека снимањето е завршено, па подналутено праша:

“Каков ти е тој однос? Фала ти драга, многу ти фала, зарем не треба така да се каже?”
Новак во меѓувреме се обиде да објасни што се случува:

“Сакав да снимам, не знаев што сакаше ти – одговори Новак откако Јелена сфати дека снимката и натаму се емитува, па ја исклучи камерата”.

Комплетната ситуација можете да ја погледнете на крајот од клипот.

 

 

Најнови вести

Најново од Спорт, Топ Вести

Најчитани вести