ВИДЕО: Манчестер Јунајтед го победи Арсенал

Екипата на Манчестер Јунајтед славеше победа од 1:0 во дуелот против Арсенал во дербито од 11.коло на англиската Премиер лига.

На натпреварот одигран на „Олд Трафорд’“ стрелец на победоносниот гол за домаќините беше поранешниот фудбалер на „Топџиите’“ Робин Ван Перси во 27.минута.

Со оваа победа шампионот Манчестер Јунајтед фати приклучок кон горниот дел од табелата, а сега заостанува 5 бодови зад водечкиот Арсенал.

На преостанатите три натпревари одиграни денеска постигнати се следниве резултати: Тотенхем – Њукасл 0:1, Сандерленд – Манчестер Сити 1:0 и Свонси – Стоук 3:3.

Резултати од вчерашните натпревари: Астон Вила – Кардиф 2:0, Челзи – Вест Бромвич Албион 2:2, Кристал Палас – Евертон 0:0, Ливерпул – Фулам 4:0, Саутемптон – Хал Сити 4:1 и Норвич – Вест Хем 3:1.

Табела: Арсенал 25 бодови, Ливерпул 23, Саутемптон 22, Челзи 20, Манчестер Јунајтед 20, Евертон 20, Тотенхем 20, Манчестер Сити 19…

Најчитани вести