ВИДЕО: Мексикански пратеник, по гаќи се соблече во парламентот

Мексиканскиот пратеник Антонио Гарсија Конехо се соблече по гаќи во знак на протест против новиот закон за енергетика со кој се предвидува основање на приватни фирми во таа област.

„Вака го пљачкате народот. Вака ја разголувате нацијата! Во што е користа од тоа? Јас не се срамам, вие сте тие што ја срамите државата“, порача Гарсија Конехо речиси гол од пратеничката говорница.

Мексиканската опозиција остро се противи на новиот закон, а расправата во парламентот била толку жолчна, што една пратеничка е превезена во болница бидејќи и се слошило по кавгата со колешката.

Новиот енергетски закон им дозволува на приватните нафтени компании експлоатација на нафта и гас заедно со државната компанија „Пемекс“, во замена за дел од профитот, што ќе се случи за прв пат од 1938 година кога овој сектор е национализиран. Тој е одобрен во Конгресот, откако прво беше усвоен во Сенатот. Од 354 пратеници, 134 гласаа „за“.

Најчитани вести