(ВИДЕО) Мертенс најзаслужен за победата на Наполи против Сампдорија

Белгискиот интернационалец во дресот на Наполи Дрис Мертенс со двата постигнати гола му донесе победа на својот клуб против Сампдорија на денешниот прв натпревар од 18. коло во Серија А. Тој погоди двапати во второто полувреме (53. и 62. минута).

Денеска се играат уште шест натпревари од оваа рунда во Италијанското фудбалско првенство, а двојките се: Милан – Аталанта, Катанија – Болоња, Џенова – Сасуоло, Парма – Торино, Удинезе – Верона (почеток 15 часот) и Лацио – Интер (18:30).

На натпреварите одиграни вчера: Киево – Каљари 0:0 и Фиорентина – Ливорно 1:0 и Јувентус – Рома 3:0.

Табела: Јувентус 49 бодови, Рома 41, Наполи 39, Фиорентина 36, Интер 31, Верона 29,…

]]>

Најчитани вести