(ВИДЕО) Милан пак загуби, Алегри пред отказ

Екипата на Милан го запиша петтиот пораз сезонава во Серија А, откако синоќа на домашен терен загуби од Фиорентина со 2:0. Медиумите во Италија веќе почнаа да шпекулираат со отказ за тренерот Масимилијано Алегри. Поранешниот италијански и европски првак на 11 одиграни натпревари во домашното првенство има остварено само три победи. На другите два вчерашни натпревари од овој круг, тесни победи за фаворитите. Јувентус со 1:0 славеше на гостувањето кај Парма, а Наполи на свој терен со 2:1 ја совлада Катанија.

Денеска играат: Ливорно – Аталанта, Верона – Каљари, Лацио – Џенова, Сампдорија – Сасуоло, Удинезе – Интер и Торино – Рома. 11.от круг ќе биде комплетиран утре со натпреварот Болоња – Киево.

Табела: Рома 30 бодови (10 натпревари), Наполи 28 (11), Јувентус 28 (11), Фиорентина 21 (11), Интер 19 (10), Верона 19 (10),…

Најчитани вести