„Јас не се согласувам дека повеќе се негативни критики, бидејќи негативните критики се или политички настроени или од луѓе кои немаат допирни тички со земјоделство. Некој се обиде преку законот да направи политичка агенда, што јас како министер, тоа нема да го дозволам и го кажав неколку пати. Сум бил на терен со земјоделци и со тие помалите и со тие поголемите, за да го дообјасниме и што точно се добива со законот. Ако се сеќавате на почетокот, некој од засегнатите страни како што се Национална федерација на фармери, Сојузот на задругари и други, тие беа против идејата но, кога седнавме и дообјаснивме што точно се добива и колку развој се добива во земјоделството со носењето на самиот закон и колку ќе добијат тие што имаат под закуп земјоделско земјиште, и остатокот на слободно земјоделско земјиште што неможеме да го ставиме во функција, а преку овој закон би го ставиле, се укажа на потребата дека навистина овој закон е подобар, овој закон е развоен, не само во делот на земјоделството туку и на економијата… Морам да кажам, надвор од секоја скромност, дека ова е единствениот закон што толку време се дебатира и е ставен на јавна расправа, за да може да извадиме навистина најдобро можно решение“.
Извор: Агротим
]]>


