Комисијата за лустрација ќе ви одговори дали СДБ односно ДБК објавувала информации преку мене, а јас бев првата која побара лустрација и на новинарите, рече новинарката Мирка Велиновска одговарајќи денеска во Собранието на прашањето на пратеничката Светлана Мазгаловска Вучетиќ, која ѝ постави две прашања, дали таа како жена и мајка мисли дека е исправно две жени од случајот „Пајажина“ да седат две години во притвор, како и дали е точно тврдењето на поранешен началник на СДБ, кој сега е во притвор, кој во телевизиско интервју рекол дека сите информации кои доаѓале во СДБ биле објавувани преку Велиновска во весникот Пулс.
-Постои во државата комисија која врши лустрација. Јас прва барав да се лустрираат и новинарите. Вашето прашање ќе добие одговор од таму. А за притворот, мене во правна држава не ме интересира кој е мајка и кој е жена. Се почитува закон и Устав – рече Велиновска.


