Петти ден по ред, жителите на скопската населба Аеродром излегоа на протест поради загадениот воздух од дивата депонија „Вардариште“ и актуелниот пожар на депонијата „Дрисла“.
Граѓаните повторно ја блокираа крстосницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“, барајќи итно решавање на еколошката криза. Велат дека со години трпат неподнослива миризба и загаден воздух од Вардариште, а нивното здравје е директно загрозено.
Незадоволството кулминираше по пожарот кој избувна во неделата, кога делови од Аеродром останаа без струја, а густиот чад дополнително го загади воздухот.
Извор: Инфомакс


