(ВИДЕО) Не сте го виделе мртвиот Бин Ладен затоа што американските војници го изрешетиле

Интернет порталот „Sofrep“ објави контроверзни информации што фрлаат нова сенка на познатoто прашање зошто никогаш не се појавија фотографиите од убиениот поранешен лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Постојат различни извештаи, но во многу од нив се поклопува тврдењето дека специјалните сили испукале неколку куршуми во Бин Ладен, за да се осигурат дека тој е навистина мртов.

Тогашниот припадник на специјалниот тим Мет Бисoнет објави во својата книга „No easy day“ дека тој и неговите колеги во Бин Ладен испукале повеќе куршуми за да бидат сигурни дека тој навистина е мртов.  Но, според интернет порталот вистината е сосема поинаква.

Според контроверзниот извештај се наведува дека припадниците на специјалниот тим се натпреварувале кој повеќе ќе го ирешети мртвиот Бин Ладен. Поради оваа причина, фотографиите од починатиот лидер никогаш не беа објавени, затоа што светот би се згрозил од она што ќе го види.

Очигледно во неговото тело не неколку, туку биле испукани неколку стотици куршуми. Порталот исто така пишува дека ова однесување на американските војници никогаш не било ниту ќе биде официјално признаено.

]]>

Најчитани вести