-Во јануари 2017 просечната плата во овој сектор изнесувала 16.730 денари, а истиот месец оваа година 18.829 денари. Тоа е покачување за 2.099 денари. Намалените трошоци и поголемите приходи значително го менуваат стандардот и го покачуваат квалитетот на животот на земјоделските работници и на земјоделците. Владата цврсто ќе биде насочена кон развој на овој сектор, земјоделците да живеат подостоинствен живот, да им овозможиме на младите да останат во земјава и да се занимаваат со овој сектор кој што е особено значаен, кој значително учествува во бруто домашниот производ и може да ја раздвижи економијата, изјави Николовски.
На новинарско прашање за исплата на обештетувањата за 2017 година, министерот Николовски посочи дека во вторник на седница, Владата ќе донесе одлука за износот на процентот на обештетување и веднаш потоа ќе биде реализирана исплатата. При тоа појасни дека паралелно се работи на цел систем за заштита од климатските промени како и на нов концепт за зголемување на осигурувањето на земјоделското производство.
На новинарско прашање што ќе направи Владата за задржување на младите во земјоделството, Министерот Николовски, потенцираше дека веќе се релизираат мерки кои се во инетерс на младите, како што е мерката за поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци, за која имаше огромен инетерес.
-Во годинешната програма исто така ја има оваа мерка, но ќе имаме и поддршка за формализирање на нивната дејност. Поддршката доаѓа преку отворање на ИПАРД фондовите, ќе ја донесеме и мерката за ослободување од плаќање на концесија за млади до 35 години. Македонија има големи потенцијали за развој на земјоделството кои треба да се стават во функција. Убеден сум дека тогаш и младите ќе бидат заинтересирани да останат во земјоделството.Ако направиме поевтино земјоделско производство ако остануваат повеќе пари кај земјоделците , верувам дека и младите ќе бидат заинтересирани. Ме радува што се повеќе млади луѓе се заинтересирани и прашуваат за слободно земјиште, и ние ќе направиме се за да им овозможиме услови, да ги вклучиме во секторот за да останат во земјава, посочи Николовски
На трибината присуствуваше и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски кои ги информираше земјоделците за исплатата на субвенциите како и за ИПАРД Прогрмата.Земјоделците се интересираа за новите мерки за субвенции, наводнувањето, распределба на земјиште, пласман на земјоделските производи.
]]>


