Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на земјоделците од неготинско и кавадаречко.
Раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Неготино денеска не дојде на закажаниот состанок на што реагираше дополнителниот заменик-министер Николовски.
– И покрај сите опструкции, никој нема да не спречи во нашата намера да го објавиме целокупниот криминал, сите злоупотреби кои се правени и се прават во министерството за земјоделство – рече Николовски.

Заменикот министер ја искористи можноста да оствари средби со земјоделците од неготинско и кавадаречко.



