(ВИДЕО) Овоштарите од Преспа ги фрлаат скапаните јаболка, пласман нема!

Состојбата со пласманот на јаболката во Преспанскиот регион е катастрофална. Трговци нема, цената е минимална, земјоделците велат  се движи од 5 до 10 денари и половина од родот сеуште е непродаден, најмногу од сортата ајдарет.

Причината за ваквата состојба секако е во најголемиот проблем на земјоделците, нерешениот пласман. Недостигаат ладилници за правилно чување на јаболката, обично тие се складирани во подруми и импровизирани магацини каде што нема услови за контролирана температура и други после бербени активности поради што јаболката скапуваат и земјоделците се принудени да ги фрлаат. Овде би требало да го споменеме  фактот дека во цела Преспа нема нитуе еден калибратор, за што се чудеа странските трговци, кои лани за време на бербата покажаа интерес за македонското јаболко но малку од тоа се реализира. Причината според нив е поефтиното и поквалитетно полско јаболко.

Тоа се огромни загуби за нив, имајќи предвид дека во последните години значително се поскапени репроматеријалите, а владата и покрај декларативните заложби за подршка на пласманот и најавата за изградба на откупни центри и ладилници, ништо не им помогна. Доцнат и субвенциите и исплатата на штетите од невремето кое го преполови ланскиот род.

Наместо очекуваните 100 – 120 000 тони, овоштарите собраа речиси двојно помалку, околу 70 000 тони, а добар дел од тоа беше и оштетен од градот. Проценките се дека околу 50 000 тони можат реално да се понудат како прва или екстра класа. Од овие количества најголемиот процент отпаѓа на сортата Ајдарет  а по 10%  другите сорти како Црвен и Златен Делишес, Муцо и Грени смит.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести