Тимот на нашиот Перо Антиќ, Атланта ноќеска во НБА лигата постигна победа по продолжение против Вашингтон 101:99 (21:19; 27:27; 23:15; 15:25; 15:13). Антиќ на теренот мина помалку од 13 минути (12:48), а имаше важна улога во победата, бидејќи по неговото додавање од аут (1,8 секунди пред звукот на сирената) Ал Хорфорд го постигна победничкиот кош. Антиќ реализира 4 поени, 1 скок и 4 асистенции. Најдобар на теренот беше Хорфорд со 34 поени и 15 скокови, а кај гостите најпрецизен беше Тревор Брукер со 24 поени.
На другите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Индијана – Шарлот 99:94, Орландо – Кливленд 100:109, Торонто – Филаделфија 108:100, Бостон – Њујорк 90:86, Детроит – Бруклин 103:99, Њу Орлеанс – Мемфис 104:98, Оклахома Сити – Лос Анџелес Лејкерс 122:97, Милвоки – Чикаго 90:91, Сан Антонио – Минесота 117:110, Денвер – Јута 93:103, Феникс – Сакраменто 116:107 и Голден Стејт – Хјустон 112:116.
Вечерва се играат осум натпревари: Њујорк – Атланта, Шарлот – ЛА Лејкерс, Вашингтон – ЛА Клиперс, Мајами – Кливленд, Чикаго – Торонто, Филаделфија – Портланд, Далас – Милвоки и Јута – Сан Антонио.
Пласман Источна конференција: Индијана 20-3 (победи-порази), Мајами 16-6, Атланта 12-11, Детроит 11-13, Бостон 11-14, Шарлот 10-13,…
Пласман Западна конференција: Портланд 19-4, Сан Антонио 18-4, Оклахома Сити 18-4, Хјустон 16-8, ЛА Клиперс 15-9, Феникс 13-9, Денвер 13-9,…


