ВИДЕО: Роналдо му салутираше на Сеп Блатер, нема да се појави на свеченоста на ФИФА

Војната помеѓу португалскиот фудбалер Роналдо и претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, продолжува и како што изгледа нема брзо да престане.

Неодамна, претседателот на ФИФА, Сеп Блатер изрече непромислени зборови за Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

За време на посетата на Универзитетот во Оксфорд, ги спореди Роналдо и Лионел Меси, при што за играчот на Барселона рече дека секоја мајка би го посакала за син, а за Роналдо истакна дека најмногу време троши во фризерски салон. И дека на теренот делува како војник и командант.

Роналдо му одговори со салутирање по победата на Реал Мадрид против Севиља (7-3), во средата, еден ден откако португалецот најави дека нема да присуствува на било која свеченост под покровителство на ФИФА.

Уште сега е познато дека 28-годишниот Роналдо во јануари следната година нема да присуствува на гала доделувањето на златната топка, каде што ќе биде еден од кандидатите за оваа награда.

Најчитани вести