(ВИДЕО) Само бод за Милан во дуелот со Торино

Фудбалерите на Милан освоија само еден бод (1:1) во дуелот со Торино одигран синоќа во рамките 22.коло. Гостите поведоа во 18.минута со голот на Чиро Имобиле, додека стрелец на голот за Милан беше Адил Рами во 50.минута.

На другите два натпревара одиграни вчера: Каљари – Фиорентина 1:0 и Болоња – Удинезе 0:2.

Денеска се играат шест натпревари, а двојките се: Рома – Парма, Аталанта – Наполи, Катанија – Ливорно, Киево – Лацио, Сасуоло – Верона и Јувентус – Интер. Во понеделник играат Џенова – Сампдорија.

Табела: Јувентус 56 бодови, Рома 50, Наполи 44, Фиорентина 41, Интер 33, Торино 33,…

]]>

Најчитани вести