Трета вечер, по иницијатива на генералот Стојанче Ангелов и група граѓани, направен е обид да се достави на информативната програма на МТВ, двд со снимените телефонски разговори на високи функционери од власта.
Ангелов побара од уредниците на МТВ да ги емитуваат снимките во вестите, бидејќи „јавниот сервис“ има таква законска обврска.

И овој пат уредниците немаа храброст да се соочат со Ангелов и граѓаните.
Откако повторно не успеа да влезе во МРТ, Ангелов најави дека не се откажуваат се додека не ги ослободи теливизијата и државата од стегите на овој режим.


