Екипата на Агротим беше во посета на земјоделскиот производител Горан Велков од Лозово, добитник на грант од 10 000 евра преку МЗШВ за набавка на технологија за производство на сок.

Горан е модерен земјоделски производител кој ги следи современите текови во земјоделското производство и со неговиот овошен насад од 2,5 хектари покажа дека ако се применуваат современите агротехнички мерки може насад со јаболка да има и во Овче поле.

Можеме да потврдиме дека парите од државата одат на вистинско место. Видовме современ овошен насад со јаболка и круши, а разговаравме за планираните поголеми инвестиции преку ИПАРД и продолжување на успешната соработка со Агротим.

Извор: Агротим.мк


