Сточарот Дуло Ибаимовски од Страчинци, едно од погодените села во невремето кое го зафати овој крај во поплавите изгубил 30 грла овци и целата добиточна храна која им била сместена во шталата која целосно била разрушена и однесена.

Силната вода поминувала токму покрај бачилото.


Ибраимовски вели дека од Агенцијата за храна и ветеринарство дури вчера и денеска добиле симболична количина на добиточна храна но тоа не е доволно. Тие трошат околу 100 килограми на ден пченица за овците.
Сточарот Митре Вељановски од село Виниче досега не добил ниту килограм помош од добиточна храна.

Поплавата го нашла додека ги пасел овците и козите и едвај успеал да се спаси заедно со нив. Најмалото јаре, старо само два дена го носел в раце. И неговата добиточна храна која ја имал обезбедено целосно била уништена.
Очекува помош од Министерството за земјоделство кои веќе поминале да регистрираат колкава количина на храна му треба. Но до денеска нема добиено ниту еден килограм.


