(ВИДЕО) Таравари: Починатиот имаше 40% изгореници и беше на дијализа

Министерот за здравство Арбен Таравари, во изјава за медиуми ја потврди веста за смртта на Александар Карадаковски, управител на дискотеката „Пулс“. Карадаковски бил еден од најкритичните пациенти со 40% изгореници на телото, а поради откажување на бубрезите бил на дијализа.

– За жал утрово ја добив лошата вест дека еден пациент е починат во Литванија, најкритичниот од 4 пациенти. Да се надеваме дека ќе има подобрување кај другите, изјави министерот Таравари.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести